Home Живот и здравје Руската „Епиваккорона“ вакцина може да биде пуштена во цивилна употреба од следниот месец

Руската „Епиваккорона“ вакцина може да биде пуштена во цивилна употреба од следниот месец

Според изјавата на директорот на Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, Ринат Максјутов, вакцината против Ковид-19 – „Епиваккорона“, изработена од споменатиот центар би можела да биде пуштена во цивилна циркулација уште следниот месец.

– Веќе произведовме 35.000 дози вакцини и планираме до крајот на годинава да произведеме 50.000 дози. Околу 5.000 дози се дадени за пострегистрациски клинички тестирања, а остатокот ќе биде пуштен за цивилна употреба, истакна Максјутов, додавајќи дека очекува поголемиот дел да се најде на пазарот следниот месец.

Според него, првата серија вакцини, која ќе биде за цивилна употреба, веројатно ќе биде тестирана во институциите на Министерството за здравство најрано на 7-8 декември.

– Трошоците за двете руски вакцини против коронавирусот, Спутник V и Епиваккорона, ќе бидат речиси исти, нагласи Максјутов.

Се очекува наскоро во Русија да биде регистрирана уште една вакцина, која ја развива Федералниот научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи при Руската академија на науките Чумаков.

Вакцинацијата во Русија ќе биде бесплатна.

 

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Што се случува со крвниот притисок ако секој ден пиете сок од портокал?

Што се случува со притисокот ако секој ден пиете сок од портокал? Крвниот притисок зависи …