Сончев прв декемвриски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот декемвриски ден во Македонија носи претежно сончево време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 4 степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.