Home Актуелно Неделна корекција на ценовникот на горивата – еве ги новите цени кои ќе важат од ноќеска на полноќ

Неделна корекција на ценовникот на горивата – еве ги новите цени кои ќе важат од ноќеска на полноќ

Со последната регулативна корекција од страна на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ на сила стапуваат новите цени на горивата. Со најновата корекција, цените се зголемуваат за 1 и за 1,5 денар.

Со денешната одлука малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литат.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм.

Новата цена на еуросупер БС – 95 е 60,5 денари, на еуросуперБС -98 62,5 денари, на еуродизел БС (Д-Е V) 53 денари, на масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари за литар, а на мазутот 28,501 денари за килограм.

„Одлуката за зголемување на нафтените деривати е резултат на растот на берзанските цени на суровата нафта и нафтените продукти. Растот на светските берзи на референтните цени на суровата нафта и нафтените деривати се должи поради неколку фактори и тоа: оптимизмот што ја предизвика информацијата за почеток на масовно вакцинирање, враќањето во нормала на индустрискиот сектор во Европа, што, пак, предизвикува зголемување на побарувачката, а од друга страна го имаме третиот фактор, а тоа е недефинираната идна стратегија за производство кај земјите на ОПЕК и коалицијата, што резултира со намалување на залихите од сурова нафта од почетокот на пандемијата“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,323%.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…