Home Вебкафе Дали Ѓоковиќ навистина ја погоди судијката Кларк во грлото или ударот заврши во рамото (снимка)

Дали Ѓоковиќ навистина ја погоди судијката Кларк во грлото или ударот заврши во рамото (снимка)

Една снимка од ситуацијата која Ѓоковиќ го чинеше дисквалификација од УС Опен и парична казна за потегот, направена од друг агол на теренот, фрла малку поинакво светло на „ударот во грлото“ од линиската судијка Лаура Кларк со топчето кое го упати светскиот тениски ас.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ус Опен затоа што со топчето ненамерно ја погоди судијката, која, пак, сега најави дека е подготвена да тужи и да бара милионска отштета од Србинот.

Но, сега на социјалните мрежи се појави ново видео од другиот агол на теренот, кој не беше достапен за време на преносот на натпреварот. Од снимката се добива визуелен впечаток дека топчето воопшто не ја погодува судијката во грлото, туку евентуално во нејзиното рамо, или можеби (според некои обожаватели на Србинот) удира во ѕидот покрај нејзината глава и се одбива на теренот.

Фановите на Ѓоковиќ сметаат дека организаторот на турнирот досега се обидувал да го сокрие ова видео кое открива што навистина се случило. Тие бараат од Ѓоковиќ да поднесе тужба против Ус Опен кој веднаш го дисквалификуваше врз основа на претерано драматичната реакција на судијката Лаура Кларк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…