Home Актуелно Сончев и топол вторник

Сончев и топол вторник

Овој септемвриски вторник времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 24 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени. Маврово 24, Охрид и Крива Паланка 28, Битола 29, Берово 26, Кавадарци 31, Дојран 33.

Во среда ќе има појава на умерена облачост. Во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…