Home Наука и техонологија Јапонска иновација: Паметна заштитна маска за лице

Јапонска иновација: Паметна заштитна маска за лице

Јапонската компанија Donut Robotics развила паметна маска која доаѓа со низа функции кои работат преку интернет. Најважно е што самата маска нема заштитна улога, бидејќи е наменета да се користи само над стандардна маска за лице.

Маската се поврзува со мобилниот телефон на корисникот преку Bluetooth конекција, а од функциите може да ја зголеми јачината на звукот, како и да преведува зборови на најмалку осум различни јазици, пренесува Softpedia.

Од компанијата велат дека оваа маска може да се користи и за конвертирање на говорот во текст, но и дека тие веќе подготвиле голем број нови надградби за во иднина, вклучувајќи поддршка за AR и VR.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…