Home Шоубизнис Емотивно видео по повод 68. роденден на Горан Стефановски

Емотивно видео по повод 68. роденден на Горан Стефановски

Емотивно видео во чест на сеќавањето на Горан Стефановски, по повод неговиот 68. роденден, кој ќе го прославеше денес ако беше жив. Во видеото се појавуваат и говорат музичарот Влатко Стефановски, режисерот Слободан Унковски, драматургот Дејан Дуковски и актерите Благоја Чоревски и Јовица Михајловски автентично ги доловуваат духот и харизмата на Горан. Во видеото е содржан и монолог од неговата драма „Огнени јазици“, во изведба на актерот Драган Спасов Дац.

Стефановски почина на 27 ноември 2018 година, во Кентербери, Англија. Автор е на триесетина драмски текстови меѓу кои „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“, „Демонот од Дебар Маало“ итн. Беше дел од тимот што ја создаде легендарната ТВ серија „Бушава азбука“. Стефановски беше професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди и признанија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …