Home Актуелно Директорот на Центарот за јавно здравје тврди: Коронавирусот во Македонија го има веројатно од лани

Директорот на Центарот за јавно здравје тврди: Коронавирусот во Македонија го има веројатно од лани

Според директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, вирусот КОВИД 19 во Македонија не стигнал пред два месеци.

Според него, голема е веројатноста оти вирусот во земјава бил присутен и лани. Кој е првиот Македонец заразен од коронавирус, е прашање кое ќе се одговори откако епидемијата ќе стивне.

Зибери во изјава за Канал 5 тврди оти Центарот за јавно здравје располага со доволен број на здравствени работници што работат во тимови, а дежураат и во вечерните часови. Засега помеѓу лекарите и останатиот медицински персонал кои го сочинуваат Центарот за јавно здравје, нема заболени.

Директорот на Центарот додава оти во земјава се прават доволно тестови за КОВИД 19. Па според него, Македонија е лидер во регионот по бројот на земени брисеви за коронавирусот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…