Apple ги шири своите услуги – достапни во уште 20 земји


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пред еден месец во јавност беа пуштени информациите дека технолошкиот гигант Apple планира да ги прошири своите услуги и дека за прв пат тие ќе бидат достапни во европски земји како Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Оваа експанзија е веќе факт со официјално соопштение од компанијата што открива дека „Apple Store“, „Apple Arcade“, „Apple Music“, „Apple Podcast“ и „iCloud“ веќе се достапни во нови 20 држави, а „Apple Music“ е достапен во уште 52 земји.

Со новите додатоци, „Apple Store“ сега е достапна во 175 земји и региони.

Можете да ја видите целосната листа на земји во Европа, Африка, Океанија, Блискиот исток и Азија Пацифик и кои нови услуги се достапни на веб-страницата на Apple.