Home Актуелно Тажен и мачен католички велигденски викенд – над 100.000 жртви од коронавирус во светот

Тажен и мачен католички велигденски викенд – над 100.000 жртви од коронавирус во светот

Католичкиот велигденски викенд светот го дочека со црн биланс од надминување на бројката од 100.000 починати како последица на коронавирусот, според официјалните статистички податоци.

Смртните случаи ширум светот ја надминаа бројката 102.000 на почетокот на 11 април, а бројот на потврдени инфекции достигна 1,7 милиони, според глобалната база на податоци што ја води Унивезитетот Џонс Хопкинс.

САД беа на добар пат да ја престигнат Италија како земја со најголем број на жртви – околу 18.700 смртни случаи.

Во меѓувреме, повеќе од 500.000 инфекции се потврдени во САД, земја со најголем број пријавени случаи на коронавирус.

Но, вистинските бројки на инфекции и загубени животи низ светот се верува дека се многу поголеми.

Разликите во практиките во броењето, ограниченото тестирање и намерното прикривање од некои влади, се меѓу факторите за кои се смета дека го намалуваат бројот.

Случувањата ги засенија велигденските прослави на римокатолиците и другите христијански деноминации, со милијарди луѓе заглавени во своите домови во обид да го забават ширењето на пандемијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…