Home Актуелно „Имаме нов рис! Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород!“

„Имаме нов рис! Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород!“

На 12 февруари тимот рисаџии од Македонското еколошко друштво (МЕД) со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража. Eдинката е здрава женка, веројатно на возраст од 2–3 години, тешка 15 kg.

Ова е втора рисица (по Маја) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки. Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите лоцирања со помош на GPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4–5 дена.

Честа да ја именуваат рисицата им припадна на ловџиите од ловечкото друштво „Сокол-З“, кои одлучија оваа убавица да ја крстат Нарциса. Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород!

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…