„Дајмонд Принцес“ почна со истоварање – Македонците остануваат во дополнителен карантин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По 14 дена поминати во карантин во пристаништето во Јокохама, патниците од туристичкиот крстосувач „Дајмонд Принцес“, на кој беа регистрирани над 500 заразени од коронавирусот, почнаа да се симнуваат од бродот.

Болеста во поблага форма беше регистрирана и кај еден од тројцата македонски државјани на бродот кој беше сместен во болница во Јокохама. Останатите двајца македонски државјани, кои се дел од екипажот на бродот, согласно протоколот, ќе останат во дополнителен две-неделен карантин заедно со останатите членови на бродскиот персонал.

Анализите покажаа дека секој седми патник на бродот бил инфициран од вирусот.

Драмата на крузерот со околу 3.700 лица и членови на екипажот од 56 земји, почна на 4-ти февруари кога превентивно беше закотвен на пристаништето, а бродот беше ставен во карантин поради појава на корона вирусот.