Home Актуелно Сефте годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски пред македонското Собрание

Сефте годишно обраќање на претседателот Стево Пендаровски пред македонското Собрание

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денес прв пат откако стапи на оваа државничка функција, ќе има годишно обраќање пред пратениците во Собранието.

Ова ќе биде прво годишно обраќање во законодавниот дом на Пендаровски од стапувањето на должност во мај годинава, по победата на претседателските избори.

Во неговиот прв говор пред Собранието по положувањето на свечената заклетва, тој рече дека ќе биде претседател на сите граѓани. Речиси и да нема држава во Европа која е толку мала, а има толку поделби, особено политички, рече Пендаровски.

-Време е да ги залечиме отворени рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за својот политички рејтинг, рече Пендаровски.

Тој тогаш рече дека ќе подаде рака за соработка кон опозицијата, и оти има обврска да ги штити правата и статусот на политичкото малцинство од евентуалното самоволие на мнозинството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…