Кумановска адвокатка зад решетки – од своја клиентка украла 11.000 евра

Black woman in handcuffs

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кумановска адвокатка бескрупулозно и бесрамно ја ограбила една своја повозрасна клиентка, земјаќи од неа на нелегален начин 11.000 евра, поради што заврши притворена зад решетки.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама .

Осомничената е адвокатка која застапувала жена пред фондот за пензиско и инвалидско осигурување за случај на остварување и ретроактивна исплата на семејна пензија.

Откако дознала дека на сметката на оваа жена биле исплатени 680.634 денари, осомничената ја зела нејзината лична карта и со уште едно засега непознато лице, за кое верувала дека наликува на нејзината клиентка, се упатила во банка во Куманово, каде се обидела да изврши трансфер на парите од сметката на оштетената на својата трансакциска сметка.

Овој прв обид бил неуспешен, затоа што службените лица се посомневале во идентитетот на другото лице.

Адвокатката тука не се откажала туку се упатила во експозитура на банката во Скопје, каде успеала да изврши трансфер на парите.

Сепак, бидејќи службениците од Куманово го пријавиле обидот на адвокатката во јавното обвинителство, таа била пронајдена на граничниот премин Табановце, каде била приведена.

На барање на основното јавно обвинителство од Куманово, судот на осомничената и определи мерка притвор, заради стравувањето дека може да се даде во бегство и да го повтори делото.