Home Актуелно Бројот на загинати во земјотресите во Албанија се искачи на 49

Бројот на загинати во земјотресите во Албанија се искачи на 49

Трагачко-спасувачката акција по преживеани и за извлекување на телата на загинатите во земјотресите што ја погодија Албанија се привршува, а до сега, како што објави премиерот Рама, бројот на загинати е 49.

Спасувачките екипи се концентрирани во потрага по настрадани под урнатините на еден хотел на крајбрежјето на приморскиот град Драч.

Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, рече дека вкупниот број на повредени е искачен на 2.000 лица.

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер, што на почетокот на неделава ја погоди Албанија, најголеми штети претрпеа подрачјата на Драч, Тирана и местото Тумане.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…