Home Актуелно Сончев петок со мала облачност

Сончев петок со мала облачност

Денес, последниот петок од месец ноември за оваа 2019 годиуна, времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови ќе биде променливо облачно со повремен дожд.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено на повисоките места каде ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 16 Целзиусови степени,Маврово 9, Охрид 14, Битола и Крива Паланка 16, Берово 15, Кавадарци 20, Дојран 21.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и засилен ветер од северозападен правец и дневни температури – Скопје 14, Маврово 8. Охрид и Крива Паланка 12, Битола 14, Берово 11, Кавадарци 17, Дојран 18 степени.

Прогнозата за в недела е студено и ведро утро, преку денот сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 8 до 14 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…