Home Актуелно Приведени двајца малолетници од Батинци – за помалку од 10 дена ограбиле четворица таксисти

Приведени двајца малолетници од Батинци – за помалку од 10 дена ограбиле четворица таксисти

Две малолетни лица од село Батинци беа приведени од страна на скопската полиција поради сомнение дека за помалку од десет дена со закани ограбиле четворица таксисти, пренесува Макфакс.

Како што информираат од МВР, првото кривично дело било извршено на 20 октомври во 2 часот по полноќ при што на 39-годишен таксист на улица „1“ бб во селото Батинци со закана му биле одземени пари.

Потоа, на 22 октомври во близина на месноста Јурија во нивното родно село, малолетниците ограбиле 53-годишен таксист од Скопје, така што откако едниот се симнал од возилото, другиот со закана ги одзел парите.

Третото кривично дело се случило на 24 октомври, кога малолетните деликвенти во село Батинци, над Дрисла, насилно одзеле пари и физички нападнале 57-годишен таксист.

Последното злодело разбојниците го извршиле на 29 октомври, на регионалниот пат Скопје – Козјак, во близина на угостителски објект, кога на 55-годишен таксист со закана му одзеле пари и лични предмети.

По комплетно документирање на случајот, против двајцата разбојници ќе биде поднесена кривична пријава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…