Home Актуелно Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги ја одзеде лиценцата за работа на 1ТВ

Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги ја одзеде лиценцата за работа на 1ТВ

На вчерашната седница Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услугу донесе одлука лиценцата за емитување на фамозната 1ТВ да биде одземена. Неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски, е првоосомничениот во предметот „Рекет“.

Агенцијата отвори постапка поради неисполнување на минимум кадровски услови, медиумите имаше 15 дена да ги исправи пропустите, бидејќи тоа не е сторено донесена одлука за одземање на лиценцата.

Агенцијата поведе постапка и за скриено сопствеништво на медиумите откако самиот Јовановски во последното интервју во телевизијата призна дека тој е всушност сопственик иако како сопственици официјално беа наведени неговиот татко и Јасна Мандиќ, двајцата сега осомничени во проширената истрага за „Рекет“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…