Норвешкото „чудо од дете“ сам има повеќе голови од Барса, Реал, Интер…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Салзбург вчера беа поразени на свој терен од Наполи во рамките од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите.

Наполи однесе победа со 2:3, а двата гола за домаќините беа дело на момчето кое во последно време ја воодушевува фудбалска Европа, Ерлинг Халанд.

Халанд со своите два гола стигна до бројката од шест гола во Лигата на шампионите и така го сруши рекордот на легендарниот Дидие Дрогба.

Само за споредба, Норвежанецот во моментов има постигнато повеќе голови од Мбапе (3), Меси (1) и Роналдо (1) заедно. Халанд самиот има постигнато повеќе погодоци во ЛШ од Атлетико Мадрид (5), Интер (4), Барселона (4), Челзи (3), Реал Мадрид (3)…

Тинејџерот блеска на сите полиња оваа сезона, уште не е ни ноември, а веќе има 20 гола на своето конто, во сите натпреварувања.