Тимоние: ЕУ е стоногалка која тешко се движи, да не ѝ додаваме дополнителни нозе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во рамки на денешната прес-конференција која ја одржа францускиот дипломат во Македонија, Кристијан Тимоние, во врска со француските позиции за проширувањето на ЕУ, амбасадорот порача дека вратите на Европската Унија за Македонија не се затворени, дека европската перспектива останува, но дека треба да се направат уште многу работи во самата земја, но и да се реформира моделот за преговори во Унијата, пренесува Фокус.

-Минатиот петок не се случи европска Хирошима, се случи пропратен инцидент кој предизвика сериозни последици овде, но тоа не значи крај на вашиот европски пат. Европската перспектива постои и ќе биде прецизирана следниве месеци – рече Тимоние.

Тој додаде дека е погрешно противењето на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Самитот во Брисел во петокот да се толкува како француско вето.

-Не се одвиваа така работите во Брисел, имаше сложена дискусија, постоеја различни дискусии за Албанија и Северна Македонија, дали да се поврзат или не, жестоки разговори кои завршија со француско германски предлог, кој за жал не беше усвоен. Се отвори прашањето за нашето сопствено функционирање, што значи проширувањето на ЕУ, како ќе се направи и зошто. За да не се најдеме во ситуација да го правиме она што и секогаш сме го правеле, да не додаваме дополнителни нозе на стоногалката на која и е веќе тешко да се движи – рече Тимоние зборувајќи за проширувањето на ЕУ.

Тој посочи дека Македонија и Албанија треба да направат уште многу во поглед на реформите, особено во судскиот систем и во борбата против корупцијата. Во овој контекст го спомена Законот за јавно обвинителство и неподготвеноста на политичките партии да се договорат.

-Нерешавањето на статусот на СЈО предизвикува се уште отворени прашања. Отсуството на гернерален договор за една правна рамка за борба против корупцијата остава простор за прашања и за капацитетот на политичките партии да спроведат ефикасна борба на оваа тема. Да мислите дека сте држава која може да служи за пример, тоа го одржува моралот и е добро. Но дали може да имате држава пример во регион имајќи ги предвид сложените прашања, не знам – додаде Тимоние.

Прашан за пристапувањето на Македонија во НАТО, Тимоние посочи дека Франција со сигурност нема да го блокира ратификувањето на протоклот.