Home Спорт Сусо се сели во Премиер лигата

Сусо се сели во Премиер лигата

Италијанските медиуми пренесуваат дека Сусо во зимскиот преоден рок може да го напушти Милан и да се пресели во Премиер лигата.

Шпанецот оваа сезона се вклопи во сивилото на Милан и игра под својот просек, па е на мета на навивачите.

Сусо е критикуван и од страна на медиумите на Апенините, па е спремен да ја промени средината во јануари.

Вулверхемптон и Вест Хем покажуваат најсериозен интерес за неговиот потпис и се спремни да ја активираат откупната клаузула која изнесува 39 милиони евра.

Двата клуба наводно веќе стапиле во контакт со неговиот агент и презентираше примамлива финансиска понуда, па сега се чека конечната одлука на Шпанецот.

Доколку Сусо ја прифати понудата Милан ќе биде немоќен да го задржи бидејќи споменатите клубови се спремни да ја платат откупната клаузула.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…