Home Вебкафе Ретка снимка: Дуелот меѓу две мечки стана хит на социјалните мрежи (видео)

Ретка снимка: Дуелот меѓу две мечки стана хит на социјалните мрежи (видео)

Ретката снимка која во петокот ја објавила Кари Мекгиливреј од Канада прикажува две гризли мечки како се напаѓаат на пат недалеку од Стјуарт, гратче со околу 500 жители на границата со Алјаска, стана хит на социјалните мрежи.

Видеото веќе има над 3,3 милиони прегледи, а истото предизвика бројни и најразлични реакции на социјалните платформи.

„Инаку не објавувам тука, но би сакала да го споделам овој неверојатно редок и импресивен момент на борба помеѓу две гризли мечки”, напишала Кари.

„Обрнете внимание на малиот волк кој ги набљудува оддалеку”, додала таа, а многумина се сложиле со неа дека навистина станува збор за нешто што не често се гледа, особено со оглед на тоа што се случува во позадина.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…