Home Вебкафе Загубено ремек-дело вредно 6 милиони евра најдено во кујна кај старица во Франција

Загубено ремек-дело вредно 6 милиони евра најдено во кујна кај старица во Франција

Загубено уметничко ремек-дело на италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе, насловено „Christ Mocked“ („Исмеаниот Христос“), проценето на вредност од 6 милиони евра, беше најдено закачено во кујната од домот на една старица во Франција.

Како што јавува Би-би-си, сликата била закачена на ѕид во кујната во стан во францускиот град Компиње, недалеку од Париз. Делото на италијанскиот сликар Чени ди Пепо Чимабуе, „Christ Mocked“, е дел од серијата слики од крајот на 13 век.

Се верува дека сликата денес вреди шест милиони евра и дека толку ќе ја плати новиот сопственик на аукција во октомври.

Старицата мислела дека сликата е икона. Експертите велат дека нема сомнеж за нејзината автентичност. На сликата биле извршени тестови со помош на инфрацрвена светлина за да се бараат сличности со други дела на италијанскиот сликар.

„Сликата е насликана од истата рака“, рекол експертот Ерик Рукин.

Се верува дека сликата е дел од поголема сцена поделена на неколку панели, на кои е прикажан Исус Христос и неговото распнување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…