Home Шоубизнис Оперскиот пар Дурловски отвораат академија за вокална уметност

Оперскиот пар Дурловски отвораат академија за вокална уметност

Славниот македонски оперски брачен пар Ана и Игор Дурловски по 20 години решија своето знаење да го пренесат на свои ученици па денеска гордо објавија дека ја отвораат Академијата за вокални уметности „Дурловски“.

Нивната цел е своето знаење и искуство да го пренесат на ученици и да им помогнат правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности.

Во Академијата за вокална уметност „Дурловски“ ќе можете да се запознаете со импостација на гласот, техники на дишење, вокална анатомија, поправање на погрешно поставен глас и аномалии во пеењето, подготовка за аудиции, испити, натпревари, концерти и претстави.

Доколку сте заинтересирани за изучување на вокалната уметност и да бидете чекор поблиску до Вашата цел, Ве очекуваме да го споделиме знаењето и искуството стекнато на светските сцени.

Академија „Дурловски“ ќе започне со работа на 1 октомври 2019. Просторот е лоциран на вториот кат во Ристиќева Палата на Плоштад Македонија, стои на официјалната Фејсбук страна на Академијата.

Инаку Ана Дурловски е родена 1978 во Штип, Македонија. Од 1997 – 2001 студирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа е добитник на највисокото признание во областа на културата, титулата национален уметник за 2015 година.

Игор Дурловски пак студирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Биљана Јовановска Јакимовска, се усовршувал во Камерното Студио на Оливера Милјаковиќ во Виена.

Веќе неколку години, светот го запознава басот Игор Дурловски како интерпретатор на партии од оперскиот и концертниот репертоар. Тој ги третира музичките стилови со вистинска палета на расположенија, почнувајќи од улогата на Плутоне во Евридика на Јакопо Пери, до ролјата на свештеникот во операта „Посета на старата дама” на Готфрид Фон Ајнем.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …