Home Шоубизнис Објавен трејлерот и датумот на премиера за скапата серија од НВО со „дрим тим“ актерска екипа

Објавен трејлерот и датумот на премиера за скапата серија од НВО со „дрим тим“ актерска екипа

НВО го објави трејлерот и датумот за лансирање на долгоочекуваната и скапа серија од нивната продукција, „Watchmen“.

Серијата се базира на истоимениот фален и популарен стрип, а ТВ адаптацијата е направена од Дејмон Линделоф, кој е најпознат по неговата работа на амбициозни серии како „Lost“ и „Leftovers“.

Дејството, наместо да се одвива во 1980-те како што е верно пренесено на филмот од 2009 година, Линедолф го смести во 2019 година.

Светот на новите watchmen во кој е сместено дејството не е оној кој го познаваме. Тоа е алтернативна верзија во која нема интернет, ни паметни телефони, а Роберт Редфорд е претседател од раните 1990-те години. Маскираните одметници се забранети, но групираните сили на белите супрематисти кои се нарекуваат The Seventh Cavalry и носат Роршахови маски, започнуваат војна против полицајците.

Во серијата глумат Џереми Ајронс, Дон Џонсон, Џин Смарт, Јахја Абдул-Матен II, Реџина Кинг и други. Саундтракот е дело на Трент Резнор и Атикус Рос.

Серијата ќе има 10 епизоди и почнува да се емитува на 20 октомври.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Габи Винди во проѕирна црна тантела на премиерата на „Телото“, со поддршка од сопругата Роби Хофман

Габи Винди привлече внимание на премиерата на новата серија на Нетфликс „Телото“ во Лос Ан…