Укината забраната за Македонија за извоз на компир и мед во Косово


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Косово ја укина забраната за увезување на мед и компир од земјава, а Северна Македонија го стави Косово повторно на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба – ова го соопшти денес министерот за економија Крешник Бектеши.

На прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека ќе нема компромис и отстапки кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

„Пред неколку часа од косовска страна бевме информирани дека е укината бариерата за извоз на мед и компир во оваа земја“, информира министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши уште еднаш повтори дека нула е штетата од забраната што беше воведена пред околу еден месец.

Владата, потенцира Бектеши, останува посветена на продлабочување на соработката со Косово.