Home Спорт Случајно во ТВ пренос на престижна трка откриени беа насади на канабис! (ВИДЕО)

Случајно во ТВ пренос на престижна трка откриени беа насади на канабис! (ВИДЕО)

Каталонската полиција извршија рација во објект во кој илегално се одгледувало канабис и тоа неколку дена откако истиот бил случајно откриен во текот на еден пренос на снимка на ТВ снимена од хеликоптер.

Како и што е вообичаено хеликоптер ги следи велосипедистите во текот на престижната трка која се одржува од 24-ти август до 15-ти септември во Шпанија. На снимката се откриваат два насади со канабис.

Три дена после оваа снимка полицијата извршила рација и запленети се 40 стебла канабис. Инаку станува збор за рација во Игулада, место во близина на Барселона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…