Home Спорт Ѕвездата на Тотенхем се сели во Реал за НУЛА евра

Ѕвездата на Тотенхем се сели во Реал за НУЛА евра

Кристиан Ериксен најави дека е спремен да нов предизвик во кариерата, но остана во Тотенхем и после затворање на преодниот рок во Англија.

Тотенхем за неговиот потпис бараше 70 милиони евра, а заинтересираните клубови не сакаа да платат толкава сума за играч кој влегува во последната година од договорот.

Тотенхем му понуди богат договор и сака да го направи втор најплатен фудбалер во тимот по Хари Кејн, но Данецот одбива да го продолжи договорот.

Поради тоа Реал Мадрид е заинтересиран да го ангажира како слободен фудбалер, а Ериксен ќе биде во можност да потпише претдоговор на стартот на 2020 година.

Медиумите на Островот се сигурни дека Тотенхем ќе го загуби Ериксен, односно дека нема да може да го задржи, а очигледно и нема да заработи ништо на негов трансфер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…