Home Спорт Буфон во Парма пречекан како „Предавник без чест“ (фото)

Буфон во Парма пречекан како „Предавник без чест“ (фото)

Легендарниот Џанлуиџи Буфон е „дете“ на Парма, од каде на почетокот на векот направи рекорден трансфер во Јувентус.

Буфон често добиваше овации од фановите, но и транспаренти на поддршка од фановите на другите клубови, посебно по триумфот на Италија на Мундијалот во 2006 година.

Но, вчера во Парма се појави транспарент, кој беше со навредлива порака за италијанскиот голман.
Голманот се врати во Јувентус по сезоната во ПСЖ, па сега е втор голман, а го избра бројот 77, кој го носеше во Парма.

Но, навивачите на Парма имаа транспарент кој гласеше „Предавник без чест, симни го нашиот број од твоето име“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…