Home Актуелно ВИДЕО: „Летечкиот човек“ Френки Запата го прелета Ламанш

ВИДЕО: „Летечкиот човек“ Френки Запата го прелета Ламанш

Френки Запата, познат како францускиот летечки човек, денеска за првпат во историјата го прелета Ламанш на својот изум „флајборд“.

Запата тргна во 8:15ч од плажата Сангате во Франција, на половина пат успешно наполни керозин и дваесетина минути подоцна пристигна на јужниот брег во Англија.

Тој преку морето леташе на висина од 15 до 20 метри.

Запата (40) успеа да го прелета Ламанш за 20 минути, пренесе „Би-би-си“.

Инаку, Запата пред десет дена имаше неуспешен обид да го прелета Ламанш, кога не успеа да ја погоди платформата за да наполни керозин. Неговиот Flyboard е автономно летало со погон на керозин кој е сместен во ранецот на Запата.

„Ја направивме оваа машина пред три години и сега успеавме со неа да го преминеме Ламанш. Беше лудо. Не знам дали ова е историски потфат или не, времето ќе покаже“, изјави Запата, кој леташе со брзина од 170 километри на час.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…