Авто мото

Бектеши: Возилата не мора да се нови за да се добие субвенција од 3.000 евра

Министерството за економија ќе доделува субвенции до 3.000 евра и за половни возила кои се со мотори со „Еко 5“ и „Еко 6“ стандард, објасни министерот Крешник Бектеши во вчерашното интервју за Алсат, што значи за да ја добие оваа сума купувачот не е обврзан да го одјави стариот автомобил и да купи нов само од прва рака.

– Граѓаните не треба да мислат дека треба да купат кола од продажните салони, односно со нула километража. Исто така можат да одат да купат во салоните кои увезуваат, но треба да имаат предвид дека возилата треба да имаат еколошки стандард над Евро 5 и на тој начин ние како министерство ќе ги субвенционираме со 3.000 евра, рече Бектеши.

Тој претходно најави дека оваа мерка како дел од новиот закон за моторни возила може да стапи на сила уште во 2019 доколку тоа го предвиди ребалансот на буџетот, а доколку не, тоа ќе започне со 2020. Субвенциите нема да важат за автомобили поскапи од 12.000 евра.

Advertisements
To Top