Home Актуелно Приведени пет службеници од граничниот премин Богородица – Земале мито!

Приведени пет службеници од граничниот премин Богородица – Земале мито!

Петмина полициски службеници од граничниот премин Богородица се приведени за земање мито. Кај нив се најдени 822 евра и алкохолни пијалоци.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презеде оперативно тактички мерки и дејствија при што кај полициски службеници пронајде и одзеде денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци.

Полициските службеници М.М. (50), С.O.(36), Р.С. (41), M.K (37) и Д.Д (41) се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител“, соопштија од МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…