Home Вебкафе Нацистички орден продаден на аукција за 45.000 долари

Нацистички орден продаден на аукција за 45.000 долари

Орденот со кој бил одликуван нацистичкиот офицер Улрих Граф, кој се фрлил врз Адолф Хитлер при обидот за убиство на нацистичкиот лидер за време на неуспешниот обид за државен удар во 1923 година и примил пет куршуми кои биле наменети за фирерот, беше продаден на аукциско наддавање во Дербишир за 45.000 долари.

Сребрениот медал со кој бил одликуван Граф, а на кој се наоѓа нацистичкиот орел, бил продаден на аукција која се одржа минатиот петок. На наддавањето беше соопштено дека со оваа сума е соборен светскиот рекорд кога станува збор за цена за орден од ваков тип.

Граф, чие семејство било приморано да го продаде својот имот во текот на ’50-те години од минатиот век поради нивното нацистичко минато, бил еден од најверните луѓе на Хитлер и негов личен телохранител.

Во текот на неуспешниот обид на Хитлер за државен пуч во Минхен, кога група нацисти се судрила со полицијата, биле убиени 16 члена на Националсоцијалистичката германска работничка партија (NSDAP) и четири полициски службеници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…