Home Шоубизнис Израелскиот амбасадор правеше „стој на раце со една рака“ кај Пендаровски во кабинет

Израелскиот амбасадор правеше „стој на раце со една рака“ кај Пендаровски во кабинет

За време на посетата кај македонскиот претседател Стево Пендаровски, израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Орјан, освен официјалните дипломатски разговори на разни државнички теми, правеше и фискултурни егзибиции „за атмосфера и атракција“.

„Оваа фотографија, „стој на раце” со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи под фотографијата снимена во неговиот кабинет за време на денешната средба.

На средбата Пендаровски и Орјан се согласиле дека Македонија и Израел градат плодни економски релации и изразиле подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мајкл Б. Џордан е „најопасниот човек во просторијата“ во трејлерот за „Аферата Томас Краун“

Објавен е првиот целосен трејлер за „Аферата Томас Краун“, во кој Мајкл Б. Џордан ја игра …