Home Актуелно Хакирана руската Федерална служба за безбедност – нервоза во официјална Москва

Хакирана руската Федерална служба за безбедност – нервоза во официјална Москва

Нервоза и револт во официјална Москва овој викенд, откако хакери успешно нападналер и хакирале една од компаниите изведувачи на рската Федерална служба за безбедност.

Сајтек, хакнатата компанија, работела на истражувачки проекти за ФСБ, а хакерите украле информации за внатрешни проекти на кои компанијата работела од името на агенцијата.

Хакирањето се случило минатиот викенд, а хакерите успеале да украдат 7,5 терабајти податоци, изложувајќи тајни проекти на ФСБ за деанонимизирање на пребарувачот Тор и помош за државата да го оддели својот интернет од остатокот на светот. Податоците им се предадени на водечките медиуми за да ги објават.

ФСБ е главната безбедносна агенција на Русија, пандан на ФБИ и МИ5, но нејзината надлежност се протега надвор од домашните разузнавачки служби и вклучува електронски надзор во прекуокеанските земји и значаен надзор во собирањето разузнавачки информации. Таа е главен наследник на злогласната КГБ, а му одговара директно на рускиот претседател.

Пред една недела, на 13 јули, хакери под името 0v1ru$ наводно пробиле во Сајтек, главен изведувач на ФСБ, кој работи на голем број интернет-проекти. По крадењето на податоците, 0v1ru$ поставиле насмеано Јоба-лице на почетната страница на Сајтек заедно со слики што наводно укажуваат на хакирањето. 0v1ru$ потоа ѝ ги предало податоците на поголемата хакерска група Диџитал револушн, која ги споделила со разни медиуми и на Твитер ја задеваше ФСБ дека агенцијата би требало една од своите хакнати активности да преименува во „Проект Цедалка“.

Диџитал револушн и претходно ја има напаѓано ФСБ. Не е познато колку се поврзани двете хакерски групи.

Би-би-си Русија ја објави веста дека 0v1ru$ ги пробиле серверите на Сајтек, ги сподели деталите за спорните сајбер-проекти и рече дека ова е можеби „најголемиот пробив во податоците во историјата на руските разузнавачки служби“.

Би-би-си тврди дека не се откриени вистински државни тајни.

Нема ништо ново во изложените проекти, сè беше познато или очекувано, вели и Форбс. Позначајна вест е фактот за самиот акт на хакирање, неговиот обем и очигледната леснотија. Изведувачите остануваат слаба алка во синџирот на разузнавачките агенции низ целиот свет – впрочем, токму минатата недела поранешен изведувач на НСА беше затворен во САД зашто крадел тајни цели две децении. А последиците од Едвард Сноуден ги гледаме до денес.

Диџитал револушн ги пренела информациите до новинарите неизменети – рекоа тие. Не се знае ништо за 0v1ru$ и групата не излезе со никаков коментар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…