Home Шоубизнис Бил Гејтс откри која е најголемата грешка која ја направил во животот

Бил Гејтс откри која е најголемата грешка која ја направил во животот

Дури и човек со толку милијарди на располагање, како Бил Гејтс, има грешка која ја направил во животот, а за која уште го гризе совеста.

Основачот на Microsoft говореше на настанот од компанијата Village Global, која ја поддржува, а на кој откри која му била најголемата грешка која ја направил во животот. Тој откри дека најмногу згрешил кога му дал шанса на Google да го иницира Android, „стандардна платформа која не припаѓа на Apple“.

„Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар во кој победникот однесува сè“, изјави Гејтс на настанот. „Знаете, најголема грешка беше лошото раководење кое доведе до тоа Microsoft да не биде она што е Android“.

„Беше природно Microsoft да победи во тоа“, додаде тој. „Постоеше простор за само еден оперативен систем кој не е од Apple и колку вреди тоа? 400 милијарди долари кои би завршиле кај компанијата М (Microsoft), наместо кај компанијата G (Google)“, објасни Бил.

Тој призна дека дозволувањето на Google да се добере до шансата со Android е „една од најголемите грешки на сите времиња“. Но, и покрај тоа, смета дека Microsoft е „многу јак“.

„Ние сме водечка компанија. Да не направевме ваква грешка, ќе бевме најголема компанија. Но, добро“, заклучи Гејтс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates) on

Инаку, Гејтс моментално е втор најбогат човек на планетата (зад основачот на Amazon, Џеф Безос), со нето вредност од 102,9 милијарди долари според Forbes:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…