Home Актуелно Косово благодарно на Клинтон – тој порача дека земјата заслужува да биде дел од НАТО и ЕУ

Косово благодарно на Клинтон – тој порача дека земјата заслужува да биде дел од НАТО и ЕУ

Бившиот американски претседател Бил Клинтон, при посетата на Приштина, изјави дека чувствува дека е почитуван во таа земја, порачувајќи дека Косово заслужува членство во ЕУ и во НАТО.

„Мислам дека целиот свет може да го гледа Косово како пример како растеше и како живее во мир со своите соседи. Косово заслужува да биде во ЕУ и во НАТО. Секогаш ќе бидам горд што бев претседател на САД кога ви беше потребен некој кој ќе стане и ќе каже: Нема повеќе етничко чистење, нема повеќе напуштање на татковината и убивање невини цивили, мора да постои подобар начин“, кажа Клинтон.

Клинтон е на Косово по повод 20-годишнината од влегувањето на НАТО во српската покраина. Тој се сретна и со претседателот на Косово, Хашим Тачи и со премиерот Рамуш Харадинај.

Косовскиот претседател го одликуваше Клинтон со „Орден на слободата“ и кажа дека тој е симбол на довербата, оптимизмот и надежта за сите граѓани на Косово.

Тој истакна дека Клинтон го „обединил светот против неправдата“, дека бил „најупорниот политичар да се обезбеди слободата на Косово“.

„Се поклонуваме со длабока почит пред вас поради слободата на Косово. Им изразуваме голема благодарност на САД кои раководеа со кампањата за сопирање на етничкото чистење и враќањето на косовските граѓани во нивните домови, кампањата за изградба на нов живот и мир за сите“, кажа Тачи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…