Home Шоубизнис Што прават Сара Мејс и Александар Ристовски-Принц?

Што прават Сара Мејс и Александар Ристовски-Принц?

Александар Ристовски – Принц и Сара Мејс го правеа “Копито“ на толку специфичен начин, што никој не знае каков ќе биде видео спотот кога ќе излезе. Песната е е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот на Сара Мејс, за проектот Femme Fatale.

„Тотално забавно, интересно и необично искуство. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење“ – рече Сара Мејс.

Во „Копито“ Александар Ристовски – Принц е на гитара, Џоле Максимовски на бас и Дино Милосављевиќ на тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов.

Спотот се планира за крај на месецот, но смеењето, според изјавата на Сара Мејс и ентузијазмот на Принц, изгледа дека ќе трае многу подолго.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Флоренс Пју забележана на шопинг со момчето Фин Кол на денот на премиерата на „Исток од рајот“

Флоренс Пју зема пауза од промоцијата на „Исток од рајот“ за да помине малку време со свои…