Home Шоубизнис Има 39, а како да има 19 – Петра Немцова на црвениот тепих во Кан

Има 39, а како да има 19 – Петра Немцова на црвениот тепих во Кан

39-годишната убавица и супермодел Петра Немцова згрми на црвениот тепих од филмскиот фестивал во Кан со нејзиниот импресивен младешки изглед и заводливата телесна форма и модно издание.

Освен што покажа и докажа дека е жена со стил, јавноста можеше да види во живо како, всушност, оваа дама „не старее“, барем кога станува збор за изгледот.

На црвениот тепих во Кан се одвиваше вистинско дефиле на свечени тоалети, фризури и модни додатоци. Славните убавици и дами изгледаа прекрасно, пласирајќи стил, гламур и елеганција на ниво, како што му доликува на еден ваков престижен културно-уметнички настан.

Но, меѓу сите нив, посебно медиумско внимание привлече токму Немцова, и тоа не само со стилот, туку многу повеќе со младешкиот изглед.

Коментарите од типот дека има 39, а изгледа како да има 19 години делуваат и звучат сосема оправдано кога ќе се погледне нејзината доминација и шарм пред објективите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Флоренс Пју забележана на шопинг со момчето Фин Кол на денот на премиерата на „Исток од рајот“

Флоренс Пју зема пауза од промоцијата на „Исток од рајот“ за да помине малку време со свои…