Home Шоубизнис Во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер од „Песна на Евровозија“ – еве кој влезе во финале

Во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер од „Песна на Евровозија“ – еве кој влезе во финале

Со настап на изведувачи од 17 земји, на евровизиската сцена во Тел Авив, Израел, се одржа првата полуфинална вечер од музичкиот натпреварувачки настан „Евросонг“.

Прва настапи претставничката на Кипар, Тамта со песната „Replay“. Различни беа и музичките разгледници во кои изведувачите претходно ги претставуваа убавините на своите земји, а од годинава во нив пееја и играа. Првата вечер традиционално ја отвори ланската победничка на Евросонг, Нета Барзилиа.

На Евросонг учествуваат 41 земја, а шест имаат директен пласман во финалето. Останатите 35 се поделени во две полуфинални вечери. Во секоја полуфинална вечер по 10 земји одат во саботното финале.

Нашата земја ќе настапи во втората полуфинална вечер која ќе се оддржи во четврток, а ќе ја претставува Тамара со песната „Proud“. Годинава за првпат настапуваме со новото име Северна Македонија. Финалисти за саботното финале од првата полуфинална вечер се: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …