Дали на месечината Европа има траги од живот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Астрономските научниц открија присутво на аминокиселини на месечината Европа, природен вселенски сателит на планетарниот гигант Јупитер.

За да се открие постоење и траги од живот во вселената, научниците се фокусираат во трагање и детектира на присуство на аминокиселините. Така, во подземните океани на ледените месеци Европа и Енчелада најверојатно има аминикиселини што би биле био знаци за живот на овие сателити.

Проблемот е во тоа што аминокиселините не може да настанат со геолошки процеси , па за астробиолозите е од голема важност да утврдат како тие настанале и од каде доаѓаат.

На универзитетот Корнел веќе прават истражувања со кои ги исклучуваат аминокиселините настанати при формирањето на Сончевиот систем. „Аминокиселините се градежен материјал на протеините , односно главни во хемискиот состав на животот каков што го знаеме.”, вели раководителот на проектот, професорот Нгок Труонг.

Мисиите што ќе бараат живот на Европа не се далечна научна фантастика. НАСА планира во 2023 да лансира летало кое би било во потрага по аминокиселини, однсно живот во овие делови на Сончевиот систем, на сателитите на Јупитер.

Експертите сметаат дека под смрзнатата површина на месечината Европа, која е нешто помала од нашата Месечина , има океан во течна состојба, а предизвик е да се испита дали во него има живот.

Леталото на секои две недели би правело круг околу Јупитер, а при секој прелет над Европа ќе сними материјал со висока резолуција, ќе го испита нејзиниот состав и структурата на ледената прекривка.