Home Спорт Добива ли светот нов Болт? „Белата молња“ истрча 100 метри за помалку од 10 секунди! (ВИДЕО)

Добива ли светот нов Болт? „Белата молња“ истрча 100 метри за помалку од 10 секунди! (ВИДЕО)

Oд Хјустон ни пристигнува еден супер резултат на спринтер кој има само 18 години.

Младиот 18 годишен Метју Болинг истрча неверојатна трка на 100 метри. Овој Американец победи на митигот во Хјустон, Тексас за побрзо време од 10 секунди. Тој 100-те метри ги истрча за 9.98 секунди.

Меѓутоа неговото време нема да се смета како официјален резултат поради силниот ветер кој дуваше во неговиот грб. Тој носи прекар „Белата молња“ и спортската јавност во САД од него има големи очекувања во иднина.

Негова желба е настап за САД на Олимписките игри во Токио следната година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…