Home Вебкафе Уловен бел кит со руска опрема монтирана на него

Уловен бел кит со руска опрема монтирана на него

Норвешките рибари пред неколку дена заловија примеро од кит белуга кој доплива во водите од северниот дел на Норвешка. На него тие забележаа монтирано некој вид на појас за кој се сомневаат дека претставува опрема од руската војска.

Професорот на норвешкиот арктички универзитет во Тромзо, Аудун Рикардсен, е убеден дека појасот на китот е ставен со човечки раце, но не му е познато дека научниците во Норвешка и во Русија користат таква опрема.

Затоа, вели тој, контактирал со руски колеги, кои му рекле дека, најверојатно, појасот го поставила руската морнарица во Мурманск.

На појасот пишувало дека опремата е од Санкт Петербург, и дека имало држач за „го про“ камера.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…