Home Вебкафе Исчезна најскапата слика на сите времиња

Исчезна најскапата слика на сите времиња

На познатото сликарско дело на Леонардо Да Винчи „Салватор мунди“ („Спасител на светот“), кое беше и најскапа уметничка слика на сите времиња, целосно му се губи трага откако беше продадено по највисока цена во 2017 година.

Сликата во 2017-та година беше продадена за вртоглави 450,3 милиони долари и требаше да биде изложена во арапската верзија на музејот Лувр во Абу Даби. Иако од тамошниот секретаријат за култура соопштија дека сликата ќе биде изложена во септември 2018-та година, тоа сепак не се случи.

Се претпоставува дека скапото уметничко дело го купил близок соработник на контроверзниот саудиски принц Мухамед Бин Салман.

Наводно, откако принцот Мухамед ја купил сликата, бил жестоко критикуван во арапскиот свет поради христијанскиот мотив – спасителот Исус. Сето ова ги надминало границите на толеранцијата во овие конзервативни земји. Поради тоа, Мухамед наводно им ја отстапил сликата на семејството Бин Зајед, чиј што прв човек Халифа Бин Зајед Ал Нахјан е претседател на Обединетите Арапски Емирати.

За возврат тој ја добил луксузната јахта „Топаз“ која има должина од 147 метри и нејзината вредност се проценува на околу 450 милиони долари.

Сепак, многумина сметаат дека саудискиот престолонаследник едноставно одлучил да ја задржи сликата на Леонардо Да Винчи за себе.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…