Home Актуелно Дан Тимотин е нов генерален директор на Пивара Скопје

Дан Тимотин е нов генерален директор на Пивара Скопје

Од позиција на менаџер за продажба во Романија, Дан Тимотин се преселува на новата работна позиција – генерален директор на Пивара Скопје.

Тимотин на директорската позиција доаѓа на местото од Владимир Косијер, кој заминува на нова раководна функција во системот на Coca-Cola HBC, како менаџер за продажба за Русија.

Од компанијата информираат дека Тимотин е искусен менаџер кој уште од 2011 година ја гради својата професионална кариера во системот на Coca-Cola HBC, извршувајќи различни лидерски функции во секторите за финансии и продажба.

„Доаѓањето на чело на тимот на Пивара Скопје е голем предизвик за мене, на кој јас искрено се радувам. Свесен сум за досегашната богата традиција, извонредните успеси и големиот придонес и значење што оваа компанија го има за целата земја. Лично се уверив и во високите квалитети што ги поседуваат вработените во Пивара Скопје“, изјави Тимотин.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…