Видео: Бејл не сака ни да се поздрави со соиграчите, се „плаши“ само од Модриќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа потешко од очекувањата победи на гостувањето кај Леванте со 2:1, а „кралевите“ двата гола ги постигнаа од пенал.

Вториот пенал посебно предизвика многу реакции бидејќи беше јасно дека е непостоечки. Имено, судијата главниот судија Игнасио Вилануева покажа на белата точка за скандалозната глума на Каземиро.

Одговорноста ја превзеде Бејл кој постигна гол, а потоа почна да трча кон центарот како ништо да не се случило. Останатите соиграчи сакаа да му честитаат и да го прослават погодокот но Велшанецот тоа го одбиваше.

Бејл откако постигна гол, не прослави со ниеден соиграч, а го оттурна од себе Лукас Васкес кој се обиде да го прегрне. Шпанските медиуми веднаш почнаа да го критикуваат ваквиот потег на Велшанецот.

https://youtu.be/IA850VNzVJw

Тој ги оттурнуваше сите играчи, но кога го здогледа Модриќ мораше да застане. Му пријде на Хрватот и се прегрнаа па реакцијата веднаш стана тема на коментари во шпанската јавност.

Медиумите во Шпанија утрово објавија дека навистина изгледало очигледно дека Бејл се плаши од Лука Модриќ, додека останатите играчи му се помалку важни.

Бејл е лут на целиот тим, не комуницира со никого, а за тоа ги обвинува соиграчите затоа што сите работи од соблекувалната ги изнесуваат надвор. Марсело неодамна откри дека тој не знае ништо на шпански јазик, а неодамна не се појави и на вечера со соиграчите.