Home Актуелно 13 мртви во сообраќајката меѓу Скопје и Тетово – возачот преживеан, ќе му се зема крв и урина

13 мртви во сообраќајката меѓу Скопје и Тетово – возачот преживеан, ќе му се зема крв и урина

Црна среда го направи денешниот ден стравичната сообраќајна несреќа која се случи на патот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, во која автобус излета од патот и се преврте во провалија, при што на место загинаа 13 лица, а четворица од повредените се борат за живот и се во животна опасност.

Возачот на автобусот што попладнево се преврте кај месноста „Карпалак“, на автопатот Скопје-Тетово е во стабилна состојба, информираше градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Заради расчистување на причините за несреќата во која, според досегашните информации животот го загубија 13 патници, надлежен јавен обвинител побарал да биде земено крв и урина од возачот и да се направи проверка на техничката состојба на автобусот.

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, извлекувањето на настраданите е завршено, а хоспитализирани се триесетина пациенти.

Меѓу повредените нема деца, повредена е една трудница, а сите се на возраст над 25 години, соопшти министерот Филипче.

Несреќата се случи околу 17 часот, а кога во автобусот на компанијата „Дурмо турс“ се возеле 50 патници. Автобусот сообраќал на релација Скопје-Гостивар.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…