Home Спорт Грозно: Фанови на Саутемптон се потсмеваа со трагедијата на Сала (видео)

Грозно: Фанови на Саутемптон се потсмеваа со трагедијата на Сала (видео)

Трагичната смрт на аргентинскиот напаѓач Емилијано Сала го трогна целиот фудбалски свет, но вчера на фудбалските терени во Англија беше видена една грозна сцена.

За време на натпреварот помеѓу Саутемптон и Кардиф Сити вчера двајца приврзаници на „светците“ имитираа гестови на авион кој се урна и така ја исмеваа смртта на Сала, кој е најскапо засилување во историјата на Кардиф.

Видеото веднаш стана вирално на интернет, а полицијата не задоцни и ги приведе двајцата мажи.

„Нема место за вакво однесување во фудбалот и ова нема да се толерира на „Сент Мери”. Клубот ќе им забрани влез на овие навивачи“, стои во соопштението од клубот.

https://twitter.com/ccfcben/status/1094283984383733760

Пред натпреварот, фудбалерите на двата тима му оддадоа почит на Сала со едноминутен молк, а Кардиф забележа победа од 2:1.

„Сакавме да победиме за Емилијано и јас сум горд што момците тоа го направија“, рече менаџерот Нил Варнок по мечот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…