Home Вебкафе Дали бразилската политичарка со фустанот ги прекрши правилата за облекување?

Дали бразилската политичарка со фустанот ги прекрши правилата за облекување?

Бившата градоначалничка на бразилското гратче Бомбинхаса, Ана Паула да Силва, позната како Паулина, присуствуваше на собраниската седница во Санта Катерина, каде со својот моден избор се погрижи сите погледи од присутните на седницата да бидат вперени во нејзините гради.

За оние кои не беа во парламентот, таа фотки од седницата објави на социјалните мрежи. „Време е за работа“, кратко порача во описот на фотките Паулина, но сите зјапаа во нејзиното бујно и длабоко деколте.

Нормално, имаше и такви на кои не им се допадна таквиот стил на облекување на службени седници од собранието.

„Очекувам дека ќе ги покажете вашите способности без раслекување“, порача еден од коментирачите, додека друг беше повулгарен и ја праша дали таа е „претставничка на проститутките“.

Од собранието на Санта Катарина соопштија дека нејзината облека е во склад со правилникот за пристојно облекување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…