Home Шоубизнис Барак Обама како Дедо Мраз ја посети болницата во Вашингтон (видео)

Барак Обама како Дедо Мраз ја посети болницата во Вашингтон (видео)

Бившиот претседател на САД, Барак Обама, минимално преправен како Дедо Мраз, без најава со посета ги изненади децата во една болница во Вашингтон.

На болните дечиња во здравствената установа тој им подели подароци.

„Само сакам на сите да им се заблагодарам. Имав можност да разговарам со прекрасни деца и со нивните семејства. Како татко на две девојчиња, можам да претпоставам дека во оваа ситуација е најважно да имате лекари и сестри кои се грижат за вашите најмили, бдеат над нив и ги држат за рака“, изјави Обама.

Судејќи по гласниот аплауз на насобраните луѓе во болницата, популарноста на поранешниот претседател сè уште не е намалена меѓу народот, пренесува Washington Post.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Судењето за убиството на Чарли Кирк ќе почне во јуни 2028 година

Истрагата за убиството на конзервативниот коментатор Чарли Кирк во септември 2025 година п…